Утрински Весник
Македонија

Влада: Странските дипломати и нивните семејства не треба да бидат изземени од задолжителениот карантин

Заклучоци од 19-та седница на Владата

Скопје, 30 март 2020 (МИА) – Владата на својата денешна седница разгледа и донесе Протоколот за влез во Република Северна Македонија на странски дипломати акредитирани во земјата и членовите на нивните семејства, со кој се предвидува дека начелно тие не треба да бидат изземени од мерката задолжителен карантин.

– Со цел да се почитува Виенската конвенција за дипломатски односи, а во исто време и да се почитуваат националните закони и правила (кои дипломатите согласно Виенската конвенција мора да ги почитуваат) мерката државен карантин ќе се применува само онолку колку што е нужно, се наведува во Проотоколот.

Како што соопшти владината прес-служба, Владата го задолжи Министерството за надворешни работи веднаш да ги извести сите странски дипломатско конзуларни претставништва акредитирани во Република Северна Македонија за усвоениот Протокол. сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пет лица повредени во сообраќајка кај Зајас

Малолетници без возачка возеле мотоцикли без ознаки, не застанале на знак за сопирање

Човечки труп пронајден во Вардар кај Демир Капија