Утрински Весник
Економија

Влада: Спречуваме ценовен шок на енергенсите со мерките за намалено ДДВ и акцизи

Влада: Спречуваме ценовен шок на енергенсите со мерките за намалено ДДВ и акцизи
Dik 300x250 mk

Владата во услови на светска криза и нарушувања на пазарот на храна и енергенси, донесе сет од 26 мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните и спречување на ценовен шок.

Цената на енергенсите на нафта и нафтени деривати на светските берзи се менува на дневна основа, појаснуваат од таму, но со одлуките кои Владата ги донесе во однос на скалестото намалување на акцизата и намалувањето на ДДВ, како што велат, се спречува ценовен шок. Додаваат дека како резултат на сите преземени мерки на Владата донесени во консултација со сите релевантни општествени чинители, во регионот имаме најниска цена на нафта и нафтени деривати.

„Регулаторната комисија за енергетика ја следи состојбата на дневна основа и цената се определува врз основа на методологија која што е пропишана, во однос на цената на нафтата и нафтени деривати. Промените на цената на енергенсите на светските берзи на дневна основа се резултат на светските случувања, пред сé воената агресија врз Украина, што влијае исклучително негативно и со далекусежни последици не само врз цената на енергенсите, туку и на цената на храната и останатите основни суровини“, е потенцирано во владината информација.

Во таа насока, се додава дека сите мерки кои Владата ги донесе се за справување со овие предизвици и заштита на стандардот на граѓаните. Владата, ресорните министерства и институциите ја следат состојбата и делуваат за зачувување на општата благосостојба во услови на светска криза, информираат владините служби.

Можете да прочитате

Расправа за Предлог-буџетот за 2026 година во матичната собраниска комисија на 14 ноември

Инфлација зголемена на 4.5%, граѓаните скапо ги чинат промашените економски политики на власта, велат од СДСМ

Македонија и Грција на Бизнис-форум во Скопје