Утрински Весник
Економија

Влада: Посебен режим на движење за економските оператори што вршат извоз, увоз или транзит на стока

Влада: Посебен режим на движење за економските оператори што вршат извоз, увоз или транзит на стока

Од владата информираат дека денеска на кратка седница бил донесен заклучок за движење на економските оператори што вршат извоз, увоз или транзит на стока, за време на забраната за движење.

За овие оператори како што известуваат надлежните ќе биде дозволено движење доколку за стоката е издаден транспортен документ Т1 или ТИР карнет, или пак, извозен придружен документ ИПД.

На денешната седница била донесена и препорака за дообјаснување на делот од одлуката на Владата кој се однесува за дозволениот период за движење/транзитирање на транспортерите.

Притоа се посочува дека за овие економски оператори важат претходно воспоставените правила, односно транзитниот период се определува од три до пет часа и го одредува граничниот службеник врз основа на изјавата на економскиот оператор за транзитирање низ земјата, од влезен граничен премин до излезен граничен премин.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Синдикалната минимална кошница во јуни достигна над 64.000 денари

НБРМ очекува годишна просечна инфлација од 3%

Цената на дизелот повторно поскапува од полноќ