Утрински Весник
Македонија

Влада: Казни согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик за сите кои ги прекршуваат донесените мерки

Состанок на Акциската група за координација на институциите за борба против дезинформации и напади на демократијата

Скопје, 13 март 2020 (МИА) – Владата на седница покрај усвоените заклучоци, мерки и препораки во функција на преземање дополнителни активности за превенција од ширење на коронавирусот Ковид-19 го усвои заклучокот да се спроведуваат препораки за казнивост согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик за сите физички и правни лица кои ги прекршуваат донесените решенија од страна на Државниот инспекторат за труд и Државниот пазарен инспекторат, и да се процесуираат до Јавното обвинителство за да постапи согласно законски утврдени надлежности.

Како што соопшти владината прес-служба, се задолжуваат и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд да ги преземат сите мерки и активности од своја надлежност за спроведување и операционализирање на сите мерки, препораки и насоки усвоени од Владата во врска со спречувањето на ширењето на коронавирусот. мс/са/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Владиниот авион најчесто летал за Будимпешта – Николовски меѓу најчестите патници

Стотици кичевци без дом, сместени во спортска сала

Воена вежба со маневарска муниција утре на крајбрежјето и во водите на Охридското Езеро