Утрински Весник
Македонија

Влада: Во извештајот на ЕК пописот се споменува како важна обврска на нашата држава која треба да се спроведе

Во изминатите 24 часа направени се 309 тестирања а потврдени 20 новозаболени од Ковид-19
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Пописот кој ќе се спроведе во април 2021 е задолжителна активност и законска обврска за сите лица и домаќинства, соопшти Владата.

Во него се додава дека во Извештајот на Европската комисија за напредокот на Северна Македонија, пописот се споменува како важна обврска на нашата држава која треба да биде реализирана.

„Поглавјето статистика е едно од поглавјата од првиот кластер во преговорите со ЕУ. Ажурираните податоци, кои ќе ги обезбедиме преку пописот, овозможуваат општините да го планираат својот развој, условите за инвестициите, буџетските средства и ќе можат да ја зголемат прегледноста врз основа на која ќе ги планираат буџетските средства и средствата  од ЕУ фондовите.Методологијата и темите на пописот се дефинирани од страна на меѓународните статистички тела и се рефлектираат и во законодавството на ЕУ,“ се вели во соопштението.

Од Владата додаваат дека програмата за попис на населението и домаќинствата во 2020 година е координирана од страна на Статистичката комисија на Обединетите нации и Конференцијата на европски статистичари на UNECE. Принципите и препораките за 2020 година беа одобрени уште во 2015 година.

„Државниот завод за статистика ги има сите професионални и стручни капацитети и е подготвен успешно да одржи и спроведе попис согласно стандардите на Обединетите нации и на Евростат.Пописот 2021 за прв пат дава можност да се попишат и нашите граѓани и нивните домаќинства во странство. Ова ќе овозможи давање приказ на миграциските движења, што е добра основа за градење стратегии и политики за успешно запирање на овој процес,“ се додава во владиното соопштение.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Сообраќајна несреќа го блокира патот Кочани – Штип

До 250 деца дневно во „Козле“ поради силен бран на грип

Беким Сали е именуван за прв заменик – претседател на Владата