Утрински Весник
Македонија

Влада: Бојан Лазаревски поднесе оставка пред да биде назначен за в.д. директор на Агенција за филм

Бојан Лазаревски именуван за нов директор на Агенцијата за филм
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Оставката на Бојан Лазаревски е поднесена пред да биде назначен за в.д. директор на Агенција за филм, нема кумулација на функции, соопштија од Владата.

„По денешната реакција на Државната комисија за спречување на корупцијата, Владата на Република Северна Македонија соопштува дека на вчерашната седница ја констатираше оставката на Бојан Лазаревски од функцијата член на Управниот одбор на Агенцијата за филм. Оставката на Лазаревски е поднесена неколку дена пред тој да биде назначен за в.д. директор на Агенцијата за филм. Оттаму, во конкретниот случај не постоела никаква можност да настане кумулација на функции“, велат од Владата.

Од таму велат дека според закон, мандатот на директорот на Агенцијата му престанува по сила на закон кога тој ќе поднесе оставка во писмена форма.

„Вчерашната владина одлука има само декларативен карактер, односно со неа само да потврдува приемот на оставката, а таа важи од самиот момент кога е поднесена, односно од пред Лазаревски да биде воопшто назначен за в.д. директор на Агенцијата за филм. Со други зборови, законската одредба е јасна дека при поднесување на оставка функцијата престанува по сила на закон“, се наведува во соопштението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во декември МВР регистрирала 18.318 сообраќајни прекршоци

СДСМ: Кујните на ВМРО прават дефокус од криминалните тендери!

ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста има право да знае колку пари Филипче инвестирал во Дубаи за да добие златна виза