Утрински Весник
Македонија

Влада: Ахмети не разговарал со СДСМ и Заев за промена на знамето, грбот или химната

Влада: Ахмети не разговарал со СДСМ и Заев за промена на знамето, грбот или химната

Ниту во Владата, ниту во владејачката партија СДСМ, ниту со премиерот Заев не е разговарано за промена на знаме, грб или химна на државата, реагираат од прес-службата на Владата, откако првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, во изјави дека овие теми веќе биле ставени на маса.

„Се разговарало и за химната и за грбот и за знамето. Овие се прашања за кои е потребен консензус, но ова повеќе ќе зависи од договорот меѓу Македонците. Што се однесува до химната, се разговарало и нема којзнае какво противење и тоа е повеќе прашање на време и мислам дека може да се разговара без резерви“, рече вчера Ахмети во дебатна емисја.

Сепак, од Владата посочуваат дека во изјавата на лидерот на ДУИ не забележале дека тој изјавил дека наводно било разговарано со премиерот Заев или со било кој друг претставник на политичките субјекти во власта.

„Сметаме дека државата треба да се фокусира со сите свои капацитети на политиките кои носат развој, економија и повеќе пари за граѓаните. Владата ќе продолжи на тој пат“, се наведува во соопштението.

Можете да прочитате

Најмногу дожд во Лазарополе и Охрид, нестабилно време и денеска

Влада: 50тина училишта ќе добијат фотоволтаични системи

Македонски државјанин ќе биде екстрадиран од Грција во Германија, бил баран со потерница за грабеж и убиство