Утрински Весник
Македонија

Владата ќе ја одржи редовната 64-та седница

Владата не ги усвои новите мерки против коронавирусот, прво треба да се смени законот
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе одржи редовна седница со повеќе точки на дневниот ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

На 64-тата седница, со почеток во 13:00 часот, на предлог на Министерството за образование и наука ќе се разгледуваат предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за наставниците и стручните соработниците во основните и средните училишта и предлог-законот за учебници и други наставни и дидактички материјали во основно и средно образование.

На предлог на Министерството за економија на седницата ќе се најдат неколку точки на дневен ред, меѓу кои предлог-законот за изменување на Законот за данокот на добивка и предлог-законот за изменување на Законот за енергетска ефикасност.

Пред министрите, според дневниот ред на денешната седница ќе се најде и предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за управната инспекција, по скратена постапка.

За донесените одлуки и заклучоци од седницата, која ќе се одржи преку видеоконференциска интернет-врска, јавноста ќе биде известена преку соопштение веднаш штом ќе биде завршена.

Можете да прочитате

(Фото) Скопје ја дочекува Новата 2026 година со полн плоштад

Принцеза ја отвори 2026 година на ГАК

Мицкоски и Ѓеорѓиевски ја дочекаа Новата година со граѓаните на плоштадот во Скопје