Утрински Весник
Македонија

Владата ќе ја одржи редовната 10. седница

Владата почна постапка за изградба на ХЕЦ Чебрен

Скопје, 18 февруари 2020 (МИА) – Владата денеска ќе ја одржи редовната 10-та седница на која меѓу точките е и разгледување на годишниот извештај за работата на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации за 2019 година.
На предлог на Министерството за економија на седницата, која е предвидено да започне во 12:00 часот, е и извештајот за работата на Националниот комитет за олеснување на трговијата согласно обврските од Спогодбата за олеснување на трговијата во рамки на Светската трговска организација.
Владата на седницата ќе го утврдува и текстот на предлогот за закон за ратификација на Спогодбата помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Србија за заедничко признавање на доверливи услуги кои се користат во Република Северна Македонија и Република Србија.

На предлог на Министерството за правда за оваа седница е предвидена и презентацијата на информацијата со извештај за реализација на Програмата за обесштетување на дете кое е жртва или е оштетено со дејствие кое со закон е предвидено како кривичнo делo на насилство и на други акти на индивидуално или групно насилство за 2019 година. вг/скс/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Голем пожар во Струмица, го гасат 30 пожарникари

Власта најаува изградба на Центар за протези за повредените од Кочани

Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан