Утрински Весник
Македонија

Владата ќе собира пари за пошумување на опожарените подрачја и набавка на противпожарна опрема

Владата ќе собира пари за пошумување на опожарените подрачја и набавка на противпожарна опрема

Владата на денешната 109-та седница ја разгледа и усвои информацијата за состојбата со шумските пожари на територијата на државата, со пресек од 2019 до 15 август годинава.

„Врз основа на податоците од информацијата за опожарените површини, а со цел да се санираат штетите согласно редовната и вонредната програма за пошумување на ЈП Национални шуми, Владата му препорача на Министерството за финансии да ги разгледа можностите за алоцирање средства во висина до 421, 2 милиони денари согласно проценката за висината на штетата за целосна реализација на програмата за пошумување“, информираат од владината прес-служба.

Дополнително, Владата му препорачала на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, во координација со Министерството за финансии, Секретаријатот за европски прашања и ЈП „Национални шуми“, да ги разгледаат можностите за утврдување извори за финансиски средства од фондовите на ЕУ и од програмите за климатски промени на Светска банка за набавка на комплетна современа опрема, вклучително и специјални теренски возила, за справување со пожари и други природни катастрофи во согласност со предвидените реформи на системот за заштита и спасување.

Можете да прочитате

Корупцијата на власта оди до Брисел, Филипче ја повика Ковеши да дојде во Македонија

Муцунски на состанок на групата „Пријатели на Западен Балкан“ 

Балетски бисер „Шехерезада“ вечерва на сцената на Националната опера и балет