Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Владата утре на седница ќе дискутира за предлогот за евентуална рестрикција на движењето

Протоколи кои поризлегуваат од планот за намалување на рестриктивните мерки
Img 7972

Скопје, 8 јуни 2020 (МИА) – Комисијата за заразни болести веќе го достави предлогот до Владата и во текот на утрешната седница ќе се дискутира за евентуална рестрикција на движењето, истакна денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Посочи дека кластерската анализа покажала дека речиси сите нови случаи се врзани со некаква форма на собир или прослава во периодот околу 23, 24 и 25 мај, односно точно пред две недели, а на што укажала деталната анализа во епидемиолошките прашалници.

– Овој пик е резултат на тоа. Непочитувањето на мерските не доведе до овој нов бран. Анализата во текот на последните седум дена покажа дека успеавме жариштата да ги задржиме во рамките на територијалните целини, односно дека нема значајно ширење надвор од нив. Една од дилемите која се појави е ширењето во другите општини во Скопје надвор од првичните кризни – Чаир, Сарај, Гази Баба и Бутел и тоа е очекувано, затоа што Скопје функционира како една целина и голем дел од овие нови случаи во други општини се исто така се резултат на семејни собири од истиот период, додаде Филипче. рп/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски ги повика кумановци да гласаат за Максим Димитриевски

37 обвинети, 33 адвокати и 250 оштетени судењето за „Пулс“ ќе биде правен маратон

Забрчанец: Дали Мицкоски се правда или бара мандат кој ќе трае со децении?