Утрински Весник
Македонија

Владата со уредба до закупците: Плажите на Охридското езеро да се вратат во првобитна состојба

Владата со уредба до закупците: Плажите на Охридското езеро да се вратат во првобитна состојба
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Летната сезона е пред самиот праг, а состојбата со закупот на плажите на Охридското езеро не е решена. На предлог на Министерството за транспорт и врски, Владата вчера ја дополни Уредбата со законска сила за примена на Законот за градежно земјиште за време на вонредна состојба.

Со дополнувањето, се задолжува закупецот да го врати во првобитна состојба градежното земјиште кое било предмет на краткотраен закуп, предвидено со урбанистички план или урбанистичко-планска документација за плажа, а за кое временскиот рок за краткотраен закуп е истечен или договорот за краткотраен закуп е предвремено раскинат.

Ваквата владина одлука за враќање на плажите во првобитната состојба доаѓа откако концесионерите на охридските плажи неодамна побараа да не им се наплатува концесија и ова лето. Овие концесионери стопанисуваа со плажите речиси две години без потпишан договор, но по се изгледа ќе мора да ги вратат плажите во првобитна состојба.

Станува збор за 14 плажи кои бесправно работат од 2013 година до денес. Планот е од исклучително значење за успешно исполнување на процесот на препораките од Комитетот за светско културно наследство, со кои Охрид треба да го зачува статусот на УНЕСКО како заштитено подрачје и дел од светското културно и природно наследство.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

ДИК ги подготвува повторените локални избори за 11 јануари 2026

Држела ќерка во раце и молела за помош, полицаецот и рекол дека „не е обучен за тоа“ сведочи Наунова

Во мое присуство се распрашуваа дали ќе има полициска рација сведочеше Наунова