Скопје, 31 март 2020 (МИА) – Втор сет мерки за поддршка на економијата која се соочува со последици поради коронавирусот презентира денеска Владата на прес-конференција.
Една од пакетот мерки е финансиска поддршка за претпријатијата за исплата на плати за вработените во висина од 14.500 денари. Минимална плата за април и мај ќе биде обезбедена и за спортските работниции и за самостојните уметници, како и придонесите на плата, а 50 проценти од висината на просечната плата ќе биде обезбедена за граѓаните кои останале без работа.
Минималната плата од 14.500 денари ќе примаат во април и мај сите избрани и именувани функционери. Претседателите и членовите на надзорните и управните одбори кои истовремено некаде работат нема да земаат надомест.
Се запира и Законот за извршување, а извршителите не ќе можат да преземат никави извршни дејствија.
Премиерот Оливер Спасовски на прес-конференција во Владата рече дека мерките се креирани во консултација со членовите на Економскиот совет и низ разговари со деловната заедница преку стонанските комори, како и со академската заедница и стопанственици од реалниот сектоер. бак/са/