Скопје, 31 март 2020 (МИА) – Финансиска поддршка за претпријатијата од приватниот сектор за исплата на плати за своите вработени во висина од 14.500 денари за месеците април и мај, кратење на платите за сите избрани и именувани функционери на ниво на минимална плата и формирање на солидарен фонд во кој ќе се донираат средства за справување со кризата со коронавирусот, се дел од вториот пакет мерки што денеска ги презентирање Владата за справување со последиците што ги предизвикува коронавирусот.
Пакетот мерки е донесен на денешната владина седница и за негова реализација според проценките потребни се околу 200 милиони евра.
Мерките не предвидуваат кратење на платите на вработените во јавниот сектор, туку само на платите на сите избрани и именувани функционери.
За април и мај ќе биде обезбедена минимална плата и за спорстките работници, самостојните уметници и медиумските работници, а за оние работници кои останале без работа ќе им се исплати 50 проценти од висината на просечната плата.
Дел од пакетот мерки се и субвенционирање на 50 проценти од придонесите, како и бескаматни кредити за компаниите обезбедени преку Развојната банка.
Се запира и Законот за извршување што значи дека извршителите не ќе можат да преземат никакви извршни дејствија, а се одлага и плаќањето закуп на корисниците на социјални станови, додека за закупот на фирмите ќе биде донесена посебна одлука.
Една од мерките е и тоа што вработените задолжително ќе мора да го искористат остатокот од стариот одмор заклучно со 31 мај, како и тоа дека се намалуваат авторските хонорари односно ќе се исплаќа 50 проценти помал хонорар од она што е потпишано во договорот освен во случаи кога авторскиот хонорар му е единствениот приход за граѓаните.
Премиерот Оливер Сапсовски, кој ги презентираше мерките во Владата, рече дека за секоја мерка ќе биде донесена посебна уредба во која детално ќе биде објаснето се.
Апелираше до граѓаните да ги почитуваат сите препораки и мерки што ги носи Владата бидејќи како што порача заедно сме посилни, отколку секој посебно.
– Коронавирусот удри по она што е наша глобална и заедничка карактеристика на која бевме толку горди и која во суштина му донесе на светот многу придобивки – меѓусебната поврзаност на светот. Заканата со која се сочуваме ни покажува колку сме ранливи и колку многу сме зависни од однесувањето на едни кон други. Но, со самото тоа, е сосема јасно дека одговорот на ова азакана е да останеме заедно во оваа бортка против ова аглобална опасност. целината е секогаш поголема од збирот на јеизните делови, ова треба да го има е на ум кога гои гледма мерките без арзлика дали се тоа овие мерки кои сега ги носиме или оние за спрешување на ширење на коронавирусот. Ако останеме заедно од оваа неволја ќе излеземе сите посилни, истакна Спасовски.
Додаде дека Владата постојано ке го следи спроведувањето на мерките и ке ги прифаакат сите добронамерни укажуавања.
– Апсолутно сум убеден дека ќе ја совладаме оваа ситуација. Тоа е нашиот предизвик што го прифаќаме со полна одговорност да го решиме со успех. Заедно сме посилни, отколку секој сам одделно. Затоа останете здрави, спокојни и во ова сме сите заедно. Владата, министрите и замениците министри кои сме 24 часа посветени на оваа битка ќе најдеме начини да направиме се што е најдобро за да го заштитиме здравјето и животот на граѓаните, но ќе направиме и се за да ја заштитиме и да ја спасиме и нашата економија затоа што ни се потребни здрави луѓе и економија која ќе може да продолжи веднаш дента после кризата, порача премиерот Спасовски.
Вториот пакет мерки што денеска беше презентиран во Владата е донесен во консултација со членовите на Економскиот совет и низ разговари со деловната заедница преку стопанските комори, академската заедница и стопанственици од реалниот сектор. бак/сп/