Утрински Весник
Македонија

Владата прогласи кризна состојба

Владата прогласи кризна состојба
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Владата на денешната седница прогласи кризна состојба на територија на целата држава поради коронавирусот. Кризната состојба почнува од денеска, а ќе трае 30 дена.

„Владата донесе Одлука за постоење на кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија, заради заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот САРС-КоВ-2 и заради спречување од негово ширење во зголемен обем со што се загрозува безбедноста на здравјето на населението“, соопштија од Владата.

Вчера на седница, Советот за безбедност препорача прогласување кризна состојба на целата територија на државата, со цел ефикасно справување со последиците од корона-кризата.

Истовремено, Владата ќе му предложи на претседателот на државата да одлучи за учество на дел од припадниците на Армијата во справување со кризната состојба.

Владата заклучи и Главниот штаб при Центарот за управување со кризи веднаш да започне со подготовка на Акциски план за превенција и справување со ширењето на вирусот, како и целосен преглед за расположливи човечки и материјално-технички ресурси и план за координирано дејствување.

Исто така, Владата донесе заклучок и Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, Министерството за здравство, Армијата, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, сите расположливи капацитети и ресурси да ги стават во функција на справување со кризната состојба.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

УХМР: До крајот на неделата променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

СДСМ: Има некоја Алта врска, доцна е за оградување од СНС

40годишна жена обвинета за прегазувањето пешак во Волково