Утрински Весник
Економија

Владата препорача Садула Дураку и Нина Ангеловска да бидат во Одборот на директори на Македонски телеком

Владата препорача Садула Дураку и Нина Ангеловска да бидат во Одборот на директори на Македонски телеком

Владата на денешната седница заклучи да му препорача на Собранието на акционери на Македонски телеком да ги отповика од должноста членови на Одборот на директори: Сашо Велевски од позицијата неизвршен член, Замир Мехмети од позицијата неизвршен независен член, Дивна Ефтимовска од позицијата неизвршен независен член, Мирослав Вујиќ од позицијата неизвршен член и Сашо Симјановски од неизвршен член на Одборот на директори, се наведува во владиното соопштение.

Во него се додава и дека дел од препораката е за членови на Одборот на директори да бидат избрани:

– Шкодране Зенуни Дарлишта – неизвршен член

– Бардул Насуфи – неизвршен член

– Зоран Китанов – извршен член

– Нина Ангеловска – неизвршен независен член

– Садула Дураку – неизвршен независен член

– Аќиф Мехдиу – неизвршен член

 

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Голем скок на цената на нафтата на светските пазари

Трипуновски: Цената за двете најзастапени сорти на винско грозје е креирана според сите законски одредби

Николоски очекува раст на БДП од 3,7 проценти