Утрински Весник
Македонија

Владата побара Комисијата за заразни болести до утре да достави препораки за спречување на ширењето на коронавирусот

Прераспределени повеќе од 6,5 милијарди денари од Буџетот за имплементација на економските мерки

Скопје, 8 јуни 2020 (МИА) – Владата денеска на седница донесе заклучок Комисијата за заразни болести, врз основа на анализата и сознанијата за актуелната состојба, до првата наредна седница, односно до утре, да достави препораки за да бидат донесени мерки за брзо и ефикасно спречување на ширењето на коронавирусот согласно показателите од теренот.


-Владата на Република Северна Македонија на денешната 62-ра седница го разгледа и усвои записникот од 69-тиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирусот КОВИД-19, и донесе заклучок Комисијата за заразни болести, врз основа на анализата и сознанијата за актуелната состојба, до првата наредна седница, односно до утре, да достави препораки за да бидат донесени мерки за брзо и ефикасно спречување на ширењето на коронавирусот согласно показателите од теренот, соопшти владината прес-служба.

На денешната седница Владата донесе измени и дополнувања на Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници преку издавање на домашна платежна картичка наменета за купување на македонски производи и услуги за време на вонредна состојба. сст/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Вицепремиерот Фетаи се оддели од Таравари: Нема да дозволиме да се врати ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ последниве 20 години ја делеше и ја уценуваше државата, а сега врескаат затоа што правдата чука на нивната врата

На денешен ден во 1961 година се случила премиерата на македонскиот филм „Мирно лето“