Утрински Весник
Економија

Владата одобри 900 милиони денари за поддршка на земјоделството

Владата одобри 900 милиони денари за поддршка на земјоделството

На денешната седница на Владата одобри 900 милиони денари, дополнителни финансиски средства за Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2020 година.

Овие средства ќе бидат наменети за да се исплатат финансиски средства за заостанати обврски од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година, и тоа за:
– предадено млеко кај регистрирани откупувачи, и тоа исплата на финансиски средства за период од октомври 2018 година до септември 2019 година,
– предадени овошни култури во преработувачки капацитети,
– предадени градинарски култури во преработувачки капацити,
– финансиска поддршка за органско производство,
– финансиска поддршка за подрачја со ограничени можности,
– исплата на финансиски средства од другите мерки.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

„Мој ДДВ“ скап за буџетот, без ефект врз сивата економија – предупредува директорката на УЈП

Успешно реализирана аукцијата за издавање на 10-тата Еврообврзница

За 10,3 проценти зголемен бројот на странски туристи во периодот јануари – ноември 2025 година