Утрински Весник
Македонија

Владата одлучува за враќање на полицискиот час

Владата одлучува за враќање на полицискиот час

Владата денеска на седница треба да се произнесе по предлогот на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, за повторно воведување на полициски час на територијата на целата држава.

Комисијата предложи полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро, почнувајќи од среда (10 март).

Министерот за здравство, Венко Филипче, образложи дека изминативе недели најмногу заразени има поради трансмисија на вирусот преку собири, но и непочитување на воведените мерки за носење заштитна опрема, држење дистанца и негрупирање.

Тој апелира на дисциплина којашто во моментов ни е најпотребна, затоа што тоа e единствениот начин да се спречи неконтролираното ширење на Ковид-19.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Лажна СМС порака од Пошта остави гостиварец без 1500 евра

Забрчанец: Интернетот и ВИ се инфраструктура за критичка мисла, не само за забава

Покренато обвинение за маж и жена кои Саитов го пренеле преку граница