Утрински Весник
Македонија

Владата објави централна веб-страница koronavirus.gov.mk за сите информации за КОВИД-19

Владата објави централна веб-страница koronavirus.gov.mk за сите информации за КОВИД-19

Скопје, 2 април 2020 (МИА) – Владата на Република Северна Македонија објави нова централна веб-страница за сите официјални информации поврзани со справувањето со коронавирусот на којашто ќе се објавуваат мерките, препораките и вестите од институциите.

-Адресата на новата владина „Коронавирус МК” веб-страница е  koronavirus.gov.mk на која граѓаните ќе можат да се информираат за сите апели, совети, препораки и забрани со цел спречување на ширењето на вирусот, како и за медицински насоки во случај да почувствуваат симптоми, но и како да обезбедат психолошка поддршка во време на самоизолација. На веб-страницата постои и секција за економските мерки, на која ќе бидат објавувани сите уредби за начините на искористување на мерките од страна на фирмите и работниците, со цел спасување на работните места во државата, се вели во соопшштението на Владата.

Веб-страницата „Коронавирус МК” е придружена и од мобилни апликации (за Андроид и иОС) за поедноставен пристап, преку кои редовно ќе се испраќаат нотификации до граѓаните кои на својот смарт-телефон ќе ја инсталираат оваа апликација, поврзани со дневните апели на Владата за почитување на мерките, најави за прес-конференции, потсетувања за активните мерки и забрани и други информации во корист за граѓаните. Апликациите ќе можат да се преземат од новата веб страница.  www.koronavirus.gov.mk/app.

Под името Коронавирус МК / Koronavirus MK, Владата отвори и Фејсбук, Инстаграм и Твитер страници на социјалните мрежи. сст/мч/

www.facebook.com/koronavirus.gov.mk
www.instagram.com/koronavirus.gov.mk
www.twitter.com/KoronavirusMK   



Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Министерот Филков ќе магистира на тема за владиниот ресор со кој раководи

МакедонијаСДСМ ги објави имињата на уште тројца кандидати за градончалници

Семејството на смртно прегазената Теодора револтирано: „Како може тепање и убиство да имаат иста казна – две години затвор?“