Утрински Весник
Македонија

Владата нема да ја обжали пресудата на ЕСЧП што ја добија исклучените граѓани од парното

Владата нема да ја обжали пресудата на ЕСЧП што ја добија исклучените граѓани од парното

Скопје, 12 јуни 2020 (МИА) – Владата нема да ја обжали пресудата на Големиот судски совет на Европскиот суд за човекови права од Стразбур  (ЕСЧП) што ја добија исклучените граѓани од системот за централно греење во Скопје.

Владата на денешната 65 седница ја разгледа и ја усвои Информацијата за можноста за упатување жалба на предметот Стрезовски против Северна Македонија и 7 други, и донесе заклучок да не поднесе барање за обжалување на пресудата пред Големиот судски совет на Европскиот суд за човекови права.

-Со оваа одлука да не ја обжали одлуката на ЕСЧП, Владата ја прифати пресудата на судот по предметот Стрезовски против Северна Македонија и 7 други што го покренаа осуммина граѓани од нашата земја кои се жалеа обврската да плаќаат надоместок за  парно греење на приватните снабдувачи со топлинска енергија, иако беа исклучени од топловодната мрежа, соопшти владината прес-служба. вј/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Зајкова: Собранието и владата да ги прифатат предлозите на ЛДП за укинување на банкарските трошоци и кратење на непродуктивните државни трошења 

ЗНАМ демантира дека децата биле „принудени“ да ја пејат песната за Максим Димитриевски која стана вирална за изборите

Алармантен раст на алергиите во Куманово: Како да ги препознаете симптомите и да избегнете компликации?