Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Владата на Курдистан во Ирак ги суспендира платите на 10.000 вработени

Владата на Курдистан во Ирак ги суспендира платите на 10.000 вработени
Img 7972

Министерството за финансии и економија на Регионалната влада на Курдистан (КРГ) во Северен Ирак вчера ги суспендираше платите на повеќе од 10.000 луѓе кои примиле повеќекратни исплати од владата, пренесува „Мидл Ист монитор“.

Министерството во изјавата објасни дека „одлуката засега 10.609 лица, вклучително и пензионери кои добивале две или повеќе плати од владата“, додавајќи дека одлуката доаѓа во рамките на планот за реформи усвоен од владата.

Досега, КРГ ги суспендираше платите на 21.588 лица од истата причина.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Колумбија протера израелски дипломати поради запирањето на флотилата за помош за Газа

Макрон: Ја потценивме Русија – 24info.mk

САД му ветија безбедносни гаранции на Катар, по неодамнешниот израелски напад во Доха