Утрински Весник
Македонија

Владата именуваше нови директори на институции

Владата разреши и постави нови директори на повеќе институции

Како што соопшти Владата, на денешната седница Марко Ѓоргиевски е отповикан од должноста независен и неизвршен член на Одборот на директори на Акционерското друштво за вршење на енергетски дејности Национални енергетски ресурси Скопје во државна сопственост.

На местото на Драги Рашковски, во Совет за реформа на јавната администрација е именуван Мухамед Зеќири, генерален секретар на Владата.

Владата се информираше за оставката на Дарио Николовски од должноста директор на Државниот студентски дом „Скопје“ во Скопје и заклучи да му препорача на Управниот одбор на Државниот студентски дом „Скопје“ во Скопје, за вршител на должноста директор на Државниот студентски дом „Скопје“ на Скопје, да го именува Виктор Велевски.

Владата ја прифати информацијата на Управниот одбор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност за именување на Марко Ѓоргиевски за в.д. директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност за време до изборот на директор, а најдолго за шест месеци.

Дарко Данев, е разрешен од должноста член на Совет на Институтот за акредитација на Република Северна Македонија – Скопје како претставник од универзитетите на негово барање.

Зоран Стојановски е разрешен од должноста директор на Воспитно Поправен Дом Тетово, на негово барање, а не негово место е поставен Даниел Антовски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Меџити тоа што не може да го блокира, го узурпира, реагира Ирена Витина

„Велибор Манев рече дека тука има закопано човек, на едно место покриено со гранки“, сведочат полицајци

Каранфилова-Пановска: Ќе бидам верен соработник во креирањето и спроведувањето на новите политики за промени на СДСМ