Утрински Весник
Македонија

Владата издвои 54 милиони денари за награда на здравствените работници

Владата издвои 54 милиони денари за награда на здравствените работници

Со ребаланост на буџетот, Владата ќе издвои 54 милиони денари за награда на сите здравствени работници кои се вклучени во третманот на пациентите заболени од ковид-19, информираат од Министерство за здравство.

„Парите ќе бидат наменети за вработените во ковид центрите во Скопје и во болниците во останатите градови низ земјава. Овие 54 милиони се дел од вкупно 243 милиони денари кои Владата ги издвои за здравството. Останатите пари ќе бидат распределени за набавка на лекот „ремдесивир“, за набавка на вакцини, за тестови за ковид 19 и за потребите на Јавните здравствени установи,“ се вели во соопштението.

Предлогот за ребалансот е во собраниска процедура и се очекува да биде изгласан во наредните денови, со што ќе почнат да се реалзираат четвртиот сет мерки за помош на граѓаните, компаниите и целата економија.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!