Утрински Весник
Македонија

Владата за комплексот спроти „Холидеј ин“: Ќе се гради ако е во согласност со Законот за градење

Владата за комплексот спроти „Холидеј ин“: Ќе се гради ако е во согласност со Законот за градење
Dik 300x250 mk

Одобрението за градба се издава доколку се исполнети сите услови пропишани во Законот за градење, изјави владиниот портпарол Душко Арсовски, прашан за владиниот став во однос на изградбата на комплексот на паркингот спроти „Холидеј ин“, како и петицијата поднесена од граѓаните на Ново Маало кои се залагаат за изградба на објектот.

„Ќе се повикаме на Законот и сè што е спротивно на тоа значи дека нема да има градба“, рече Арсовски.

Како што појасни, со урбанистичкиот план се пропишува што е планирано со опфатот на таа локација, какви типови на надградба, колку зеленило е предвидено и каква инфраструктура е потребна. Врз основа на сите тие информации инвеститорот приложува проект и ако ги исполнува сите тие услови добива одобрение за градење.

Со Законот за градење е предвидено инвеститорот да почне со градење во рок од две години. Доколку не почне, може да му се одздеме одобрението или ако не гради според приложениот проект.

 

Можете да прочитате

Давкова по повод Светскиот ден на ромскиот јазик прими припадници на ромската заедница

Зајкова бара итни законски измени: Животот на пациентите не смее да зависи од бирократија

Се бара притвор за разбојник од Маџари