Утрински Весник
Македонија

Владата даде согласност за промена на имињата на улиците и други објекти во Дебар

Владата даде согласност за промена на имињата на улиците и други објекти во Дебар

Владата на седницата одржана на 14 месецов го разгледала барањето на Општина Дебар, со Предлог-списокот и дала согласност на списокот на имиња на улици, плоштади и други инфраструктурни објекти, објави на својот профил на Фејсбук дебарскиот градоначалник Хекуран Дука.

„Владата на Република Северна Македонија, го одобри Предлог-списокот со имиња на улици во градот Дебар, доставен од Општина Дебар за одобрување. Конечно имаме причина да се радуваме на оваа долгоочекувана и посакувана добра вест. Честитки за сите дебрани и со среќа. На пример, улицата 22 декември сега ќе го носи името Јосиф Багери.

Советот на Општина Дебар, усвои предлог-список за нови имиња на улиците, плоштадите, населбите и мостовите, кои о најголем дел се имиња на личности и настани од албанската историја и култура.

Можете да прочитате

КОД открива: Фарма во Трубарево добила лиценца за отпад – зад неа стоеле „Нула отпад“ и „Ф-Групација“

Расипан клучниот радар во МНАВ, контролорите не ги гледаат авионите при слетување

Спасувачка акција на повредено лице над Горно Јеловце