Утрински Весник
Македонија

Владата го усвои планот за распределба на административните службеници

(Видео) Заев на средба со коалициските партнери: Продолжуваме со реформите и изнаоѓање решение на прашањето со Бугарија

Владата денеска на својата 40-та седница го усвои планот за распределување на административните службеници вработени преку програмата К5, соопшти првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби. Тој вели дека новите решенија за работа ќе бидат доделени до административните службеници во наредните денови.

Министерството за финансии веќе има дадено согласност за планот за систематизација на административните службеници, додека Министерството за информатичко општество и администрација е задолжено во рок од 7 (седум) дена од приемот на актите за систематизација на овие административни службеници, во рамките на нејзините надлежности да ја заврши постапката за согласност за работните места каде што ќе бидат сместени овие административни службеници.

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците е должно во рок од 15 дена по усвојувањето на Планот, да изготви индивидуални одлуки за секој административен службеник што ќе биде систематизиран во органите на државната администрација.

Груби вели дека органите на државната администрација се должни на административните службеници кои ќе ги прифатат во нивните институции, да им овозможат стручна обука со цел да ги подобрат нивните знаења и вештини.

Според Груби, се задолжува Агенцијата за вработување врз основа на решението за распоредување да направи одјава на административните службеници од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците и истите да ги пријави во нивните нови работни места.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Давкова: НУБ „Св. Климент Охридски” е амбасадор на македонската културна историја и чувар на македонскиот идентитет

СЕОУГС Васил Антевски Дрен, Скопје – лауреат за Европската награда за иновативна настава (EITA) за 2024 година

НИ СЛЕДУВААТ УМЕРЕНИ ДО ЈАКИ МРАЗЕВИ: Температурите ќе се спуштат дури и под -10 степени!