Утрински Весник
Македонија

Владата го раскина договорот за државна помош со ТЕ-ТО

Владата го раскина договорот за државна помош со ТЕ-ТО

Владата донесе одлука за едностран прекин на договорот за државна помош со Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија ТЕ-ТО АД Скопје.

„Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за потребата од раскинување на Договорот за доделување на државна помош, и на Анексот на Договорот за доделување на државна помош, склучени помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија ТЕ-ТО АД СКОПЈЕ, и донесе Одлука за едностран раскин на овие договори заради фактот дека не се постигна согласност за создавање правна основа за оваа државна помош“, соопшти попладнево Владата.

Согласно оваа одлука ТЕ-ТО е должно да го плати долгот кон УЈП, со заклучок на Владата доколку во рамките на законската рамка постои можност и се постигне договор, долгот да биде исплатен на рати.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Томовски: Во службените возила ќе се вметне и ГПС со цел зголемување на транспарентноста и контролата

ВЛЕН: Кога ДУИ зборува за ЕУ, граѓаните се потсетуваат на Груевски и Мијалков

Во Македонија има 174 пациенти кои имаат потреба од хормонот за раст – нема листа на чекање