Утрински Весник
Македонија

Владата го задолжи МВР да утврди одговорност за литијата во Струга и за прославата на Денот на полицијата

Филипче со апел до ИВЗ и МПЦ-ОА: Верските собири се голем ризик за трансмисија на вирусот
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 8 мај 2020 (МИА) – Владата на денешната седница го задолжи Министерството за внатрешни работи веднаш да го испита случајот со одржувањето на верскиот настан во текот на вчерашниот ден во Струга, како и прославата организирана од МВР по повод Денот на полицијата, кои претставуваат сериозно непочитување и прекршување на воведените забрани од страна на Владата, да утврди одговорност и да се преземат соодветни мерки кон одговорните лица и за истото да ја информира Владата.

Како што соопшти владината прес-служба, Владата го осуди и вербалниот напад врз новинарот на ТВ Клан на настанот со кој се одбележуваше Денот на полицијата и побара да се поведе постапка за утврдување одговорност за ваквото однесување и да се санкционират сторителите. мс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Удрил во три паркирани возила, контејнери, возила во движење и семафор, косовски државјанин предизвика хаос во Центар

Левица: ДПМНЕ нуди козметички измени за спас на функционерите

Манасиевски: Филипче е должен да одговори колку пари има инвестирано во Дубаи за да добие златна виза