Утрински Весник
Македонија

Владата ги усвои плановите за отворање на основните и средните училишта за настава со физичко присуство

Владата ги усвои плановите за отворање на основните и средните училишта за настава со физичко присуство

Владата на денешната седница ги прифати одделните планови за одржување на наставата во основното и средното образование согласно одлуките на Министерството за образование и наука со повторно отворање на училиштата во учебната 2021/2022 година.

Оваа одлука на Владата го зема предвид укажувањето на МОН дека училиштето е од суштинско значење за образованието и благосостојбата на децата и учениците и дека одлуката за повторно отворање на училиштата се направи по претходна општа проценка на ризиците, при што се земаа предвид епидемиолошките фактори, степенот на вакцинација на наставниот кадар, образовниот систем, здравствениот систем и капацитетот на јавното здравство, ангажманот на заедницата и државниот капацитет за одржување на социјална и економска поддршка на најранливите.

Плановите на Министерството за образование и наука за започнување на учебната 2021/2022 година се базираат на потребата да се добијат максимални придобивки за учениците, наставниците и вработените во училиштата и пошироката заедница, а воедно да не дојде до повторно ширење на Кovid-19 во нашата држава, имајќи предвид дека едно од основните човекови права покрај образованието е и правото на здравје, соопштија владините служби.

Плановите, велат од владата, ги објаснуваат чекорите кои треба да ги преземат основните и средните училишта за да ги обезбедат потребните мерки за заштита и со тоа да го намалат ризикот од ширење на коронавирусот, кои се сообразени со Протоколите за постапување на основните и на средните училишта за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2021/2022 година.

Можете да прочитате

Николоски: Британскиот амбасадор даде одговор – нема да има кампови за мигранти во земјава

ЗИМА ВО МАЈ: Недела (18 мај) ни носи многу ладно утро, ќе има и појава на мраз!

Села откри под кои услови би соработувал со владеачките партии