Утрински Весник
Македонија

Владата ги раскина договорите со „Инвока груп“, фирма поврзана со набавката на софтверот на Рашковски

Продолжен притворот на Рашковски, Обвинителството отвори истрага за уште кривични дела

Владата ги раскина договорите со „Инвока груп“, фирма поврзана со набавката на софтверот на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски

Владата на денешната редовна 72-ра седница ја разгледа и усвои Информацијата во врска со потребата од раскинување на Договорот за групна набавка од 28.2.2020 година и Договорот за набавка на услуги – одржување на софтвер за полагање испити на државните институции склучен со друштвото „Инвока гроуп“, ДООЕЛ од 11.8.2020 година склучен со „Инвока гроуп“, ДООЕЛ-Скопје.

Генералниот секретаријат на Владата е задолжен да го раскине Договорот за набавка на услуги – одржување на софтвер за полагање испити на државните институции склучен со друштвото „Инвока гроуп“, ДООЕЛ-Скопје, со задолжение согласно Законот за јавни набавки да се побара од Бирото за јавни набавки согласност за спроведување на постапка со преговарање без јавен оглас и да склучи договор со оператор со времетраење до завршување на редовната постапка за јавна набавка и склучување на нов договор за набавка на услуги – одржување на софтвер за полагање испити на државните институции.

„Генералниот секретаријат на Владата беше задолжен по раскинување на Договорот да започне со редовна постапка за јавна набавка на услуги – одржување на софтвер за полагање испити на државните институции и да склучи нов Договор за групна набавка и да ги извести: Министерство за правда, Министерство за внатрешни работи, Министерство за економија, Министерство за транспорт и врски, Министерство за труд и социјална политика, Министерство за животна средина и просторно планирање, Комисија за хартии од вредност на Република Северна Македонија, Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, Царинска управа, Агенција за катастар на недвижности, Инспекциски совет и Академија за судии и јавни обвинители, дека договорот со „Инвока гроуп“, ДООЕЛ Скопје е раскинат и за постапката по заклучоците да ја информира Владата на Република Северна Македонија“, стои во владиното соопштение.

Инаку, фирмата „Инвока груп“ е основана девет дена откако Драги Рашковски беше избран за генерален секретар. Фирмата во своето постоење добила три тендери и сите три од Генералниот секретаријат во вредност од над 320 илјади евра. Вниманието на јавноста го привлече софтверот за казни за сообраќајни прекршоци, а за кој МВР ниту било известено, ниту пак му бил потребен. Рашковски самиот го заштитил софтверот како свој патент.

За овој случај, Рашковски е во притвор во затворот во Шуто Оризари.

Можете да прочитате

Трајановски: Делницата од Врбјани до Охрид, со прекин кај Ботун, ќе биде пуштена во употреба до 11 или 12 јули

На Богородица и Табановце од македонска страна се чека околу еден час

Мицкоски: Успеавме да го амортизираме ударот кој што некој од политичарите во Брисел сакаше да го нанесе врз македонскиот идентитет