Утрински Весник
Македонија

Владата ги осудува нецивилизираните напади во Собранието од страна на опозицијата

Владата јавно ги осудува крајно нецивилизираните напади и навредите искажани во Собранието на Република Северна Македонија од страна на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кон високи претставници на Европската Унија, се наведува во владиното соопштение.

dobivaj vesti na viber

„Најостро го осудуваме говорот на омраза којшто деновиве опозицијата упорно го шири и се обидува да го наметне во јавноста од собраниската говорница, но и од блокадите и протестите на улица. Главната цел на овие срамни и ниски напади е да го попречат патот на Република Северна Македонија во евроинтеграцискиот процес“, стои во напишаното од владините служби.

Позициите на Владата на Република Северна Македонија се јасни и цврсто сме решени да станеме дел од европското семејство каде што и припаѓаме, штитејќи ги националните интереси и македонскиот јазик, велат од Владата.

Затоа, потенцираат, Владата со целиот свој капацитет ќе продолжи да работи на просперитетот на земјата и нејзино полноправно членство во Унијата.

Можете да прочитате

Зајкова: Срамно е после 18 месеци чекање нов Кривичен законик да добиеме само козметички интервенции на постоечкиот

На Дојран спречен обид за криумчарење 5.050 штеки цигари, српски државјанин лишен од слобода

СДСМ: Мицкоски со анти-ЕУ кампања ја води земјата кон изолација