Утрински Весник
Македонија

Владата ги испрати до Собранието измените на законите за ДДВ и акцизи и побара од пратениците да ги поддржат

Владата ги испрати до Собранието измените на законите за ДДВ и акцизи и побара од пратениците да ги поддржат

Владата соопшти дека ги испратила до Собранието измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност и на Законот за акцизи.

Во дописот од Владата се наведува дека овие измени и дополнувања треба да бидат донесени во итна собраниска постапка за да се обезбеди намалување на највисоките малопродажни цени на бензините и другите нафтени деривати.

Овие Закони се однесуваат на повеќе мерки како што е мерката за намалување на повластената стапка на ДДВ за основните производи за човечка исхрана од 5% на 0%. Основните производи на кои ќе се однесува оваа мерка се леб; шеќер; брашно – тип 400; сончогледово масло за јадење; трајно млеко, свежо месо, ориз и јајца.

Мерките за намалување на стапката на ДДВ од 18% на 10% при промет на енергенси и за ослободување од плаќање ДДВ при увоз на енергенси се исто така опфатени, како и мерката за намалување на акцизата согласно берзанските цени. Со овие закони ќе се ублажи ценовниот шок предизвикан од високите берзански цени на нафтата и горивата.

Од седницата на Владата, на којашто се утврдени овие измени, е упатен апел до пратениците веднаш да ги усвојат, за да се обезбеди брза имплементација на вчера донесените мерки за заштита на животен стандард и ликвидност на компаниите.

Можете да прочитате

Тошковски: Ќе се прекине партизацијата во МВР, ќе има маалски полицајци

Зголемена фреквенција на возила по патиштата, на граничните премини нема подолги задржувања

Ана Михајлов нова в.д. директорка на Агенцијата за европски образовни програми, Богојески разрешен