Утрински Весник
Македонија

Владата врз основа на анализи развива стратегии и сценарија за справувањето со Ковид 19

Владата врз основа на анализи развива стратегии и сценарија за справувањето со Ковид 19

Скопје, 6 април 2020 (МИА) – Владата врз основа на сите анализи развива стратегии и сценарија што значат и краткорочно и долгорочно планирање. Краткорочни се оние што ги носиме и се, пред се, детерминирани од одредени состојби во одреден момент, одговори премиерот Оливер Спасовски на новинарското прашање дали се размислува за излезна стратегија од актуелната криза со оглед на тоа што пандемијата на коронавирусот може да потрае со месеци, а економски и психолошки е неиздржливо граѓаните да продолжат со ваквиот начин на живот.

Колку би траела оваа криза, дециден е Спасовски, тоа никој не може да го предвиде, меѓутоа едно е важно-таму каде што се почитуваат до крај мерките имаме и добри резултати и кризата трае што е можно пократко.

-Колку ние како граѓани ќе бидеме одговорни и посветени, толкава би била и должината на кризата. Секако дека ова ќе има сериозен удар и негативни ефекти на економијата и тие нема да завршат со завршувањето на здравствената криза. Наше е преку стратегиите што ги изготвуваме, преку помошта што ја даваме на економијата во овој дел, да помогнеме да ги сочуваме работните места, да ги сочуваме компаниите и по завршувањето на здравствената криза сите заедно да пробаме да го вратиме животот во нормала и да напаравиме што е можно поголема економска активноста и да имаме што е можно помали штети. Сепак, од сите нас зависи колку долго ќе трае овој процес на криза, истакна Спасовски.

Со оглед на зајакнување на мерките за движење дали се разгледува можноста за давање дозвола за движење деца со посебни потреби, беше прашањето упатено до министерот за здравство Венко Филипче, на што тој одговори дека тоа е специфично прашање што стигнало и до Министерството за здравство, каде имало интезивна комуникација, но и оти има повеќе групи граѓани кои бараат некои ослободувања од  рестрикциите во движењето.

– Имавме интензивна комуникација и со Министерството за информатичко општество за тоа како формално правно ќе се регулира и со која документација ќе се формализира, така што во текот на денешниот ден или утре ќе излеземе со конкретна информација, но го имаме предвид барањето со оглед на тоа што постои одредена група граѓани со одредени дијагнози за кои дури и се препорачува излегување надвор, образложи Филипче. цр/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Свечен час по повод 80 години од прогласувањето на македонскиот јазик за службен

Ведро и студено, преку денот сончево

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер