Утрински Весник
Македонија

Вкупно 62 лица во самоизолација во Беровско, ниту еден со симптоми на коронавирус

Вкупно 62 лица во самоизолација во Беровско, ниту еден со симптоми на коронавирус

Берово, 31 март 2020 (МИА) –  На територијата на општина Берово во моментот има 62 лица, кои се во самоизолација и засега, ниту едно од лицата нема пројавено некакви симптоми на вирусот. Ова на денешната прес конференција го истакна градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски кој во апел до граѓаните истакна сериозно да се сфати оваа здравствена благосостојба, со што и понатаму граѓаните на Берово ќе ги почитуваат мерките на Владата на РСМ, за спречување на појавата на зараза од КОВИД-19.

-Сакам да ја информирам јавноста дека според релевантен извор на стручната епидемолошка служба, на територијата на општина Берово, нема ниту едно лице, позитивно на КОВИД-19. Бројката од 62 лица кои се во самоизолација денес поради истекување на важноста на мерката се очекува да се намали, додека останатите благодарение на почитување на препораките немаат симптоми на коронавирус, рече Пекевски.

Работата на институциите, во интерес на јавното здравје, како што додаде ќе продолжи и во периодот што следи.

-Посебно апелирам, до лицата со одредени хронични заболувања кои се во поголем ризик од компликации да бидат особено внимателни и да ги следат доследно сите препораки за заштита од вирусот. Исто така, во овие тешки моменти, многу е важно, да не се создава непотребна паника и да не се шират непотврдени и неверодостојни информации, кои влијаат врз менталното здравје на населението и создаваат чувство на несигурност, страв, паника, непотребно и дополнително, рече Пекевски на денешната прес-конференција.

Додаде дека општината ќе продолжи со мерките за сузбивање на евентуалната појава од КОВИД-19 со редовни дезинфекции како на јавните установи така и на улиците во градот Берово и селските средини. вс/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сончево со мала до умерена локална облачност, претпладне магла по одделни котлини

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски