Утрински Весник
Македонија

Вкупно 33 лица во Скопје обвинети за непочитување на полицискиот час

Истражна постапка и предлог за притвор за 27-годишник осомничен за убиство

Скопје, 15 јуни 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против 33 лица обвинети за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

– Обвинетите, за време на полициски час, биле затекнати како се движат на различни локации во градот, без да поседуваат дозвола за тоа. Со тоа тие не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, донесена со цел да се спречи ширењето на заразна болест, посочија од ОЈО.

Надлежните јавни обвинители на Основниот кривичен суд Скопје му предложиле за секој од обвинетите да изрече парична казна од по 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.​ см/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ангелов: Ова лето гранката нема да ми биде потребна – добивме 43 специјализирани возила за гаснење пожари

Мицкоски: Mногу поподготвени сме за сезоната на пожари од кога било во минатото

Support Kocani ја исплати фактурата за втората пратка компресивна облека во износ од 283.802 денари!