Утрински Весник
Македонија

Вкупно 31 лице не ја почитувале забраната за движење

Тројца жители на беровско Будинарци не го почитувале полицискиот час

Скопје, 15 мај 2020 (МИА) – Во текот на изминатото деноноќие на ниво на целата држава 31 лице не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 25 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Како што соопшти МВР, по однос на мерката за задолжително носење заштитна опрема т.е. заштитни маски евидентирани се 23 лица што ја прекршиле оваа мерка.

За последните 24 часа на територијата на Република Северна Македонија на 81 лице им се издадени решенија за изолација, а 113 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, стои во соопштението. вг/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Пуштањето на дел од делницата Кичево – Охрид е силен доказ дека Македонија се движи напред

Хоспитализирани пет пожарникари и осум вработени во Макпрогес

Вечерва целосно затемнување на Месечината, ќе може да се гледа и од плоштад „Македонија“