Утрински Весник
Македонија

Вкупно 26 скопјани обвинети за непочитување на здравствените прописи

Истражна постапка и предлог за притвор за 27-годишник осомничен за убиство
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 22 јуни 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против 26 лица, обвинети за кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

-Еден од обвинетите не го почитувал изреченото решение со кое му била определена задолжителна самоизолација, додека останатите 25 постапиле спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на државата и без дозвола се движеле за време на полицискиот час, соопшти Јавното обвинителство.

Надлежните јавни обвинители за сите обвинети лица предложиле да бидат изречени парични казни од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.​​бт/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Фото) Скопје ја дочекува Новата 2026 година со полн плоштад

Принцеза ја отвори 2026 година на ГАК

Мицкоски и Ѓеорѓиевски ја дочекаа Новата година со граѓаните на плоштадот во Скопје