Утрински Весник
Македонија

Вкупно 1.649 лица од Ковид-19 на инфективните оддели во земјата, во Скопје 79 новозаразени

Во ковид центрите во Скопје хоспитализирани нови 25 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 79 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 675 лица сомнителни и потврдени на Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие на интерните и на хируршките клиники имало 33 приеми.

Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 18 примени пациенти и 14 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле бил примен 1 нов болен, а 2 пациенти биле примени на Клиниката за детски болести.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 62 оздравени пациенти, известува Министерството за здравство.

Во моментот во ковид-центрите на интерните и на хируршките клиники се лекуваат 313 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 140 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 151 пациент, а на Иститутот за белодробни заболувања кај децата во Козле има 40 пациенти. На Клиниката за детски болести има 8 деца позитивни на Ковид-19, а на ГАК има 11 позитивни пациентки. Од денес работи и ковид-центарот во Заводот за рехабилитација, со капацитет од 38 кревети.

Бројот на приеми во изминатите денови е зголемен, велат од Министерството за здравство.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и може да згрижат пациенти што имат потреба од кислородна поддршка, додаваат од оваa институција.

Инаку, според нивните податоци, во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците во земјата е пријавено дека се лекуваат вкупно 974 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

Според Министерството за здравство, во болницата во Битола се хоспитализирани 103 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 63 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 47 пациенти, во Велес се лекуваат 84 болни, а во Куманово – 166 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид се хоспитализирани 103 пациенти, во Прилеп – 127 во ковид-центарот во Гостивар – 36, а во Струга – 14 болни. Во болницата во Струмица се хоспитализирани 84 пациенти, во Кочани – 33, во Кичево – 21, во Кавадарци – 72, а во Гевгелија – 21 лице позитивно и суспектно на коронавирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот што се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците во земјата е 1.649 и има околу 260 празни болнички кревети во ковид-центрите, велат од Министерството за здравство.

Додаваaт дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба, одделенијата ќе бидат дополнително проширени, потенцираат надлежните.

Можете да прочитате

Во Дебар по крстот скокаа три дечиња, најсреќен Дамјан Стефановски

Крстот во Охрид го фати Мартин Гоџо

Најдоброто од „Киненова” од 21-24 јануари во Кинотека