Утрински Весник
Македонија

Вкупната бројка на заразени со ковид во земјава надмина 9.000

Вкупната бројка на заразени со ковид во земјава надмина 9.000

Досега во земјата се направени вкупно 84.916 тестирања на Kовид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9026, бројката на оздравени пациенти е 4727, на починати е 414, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3885, објави на Фејбук министерот за здравство, Венко Филипче.

Во последните 24 часа се направени 1700 тестирања, а регистрирани се 241 нови случаи на Ковид-19. Починати се 8 лица, по двајца пациенти од Скопје, Тетово и Струга, еден пациент од Гостивар и еден од Струмица.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Савески – Костадиновски: Владеењето на правото бара дела, не декларации

Клучна дебата вечерва во „Ноќно студио“: Колку е достапно лекувањето за македонските граѓани?

ДЗР: Низок процент на опфат на скрининзите за рак на дојка и матка, 80 отсто од пациентките со рак почнуваат со лекување во подоцнежни стадиуми на болеста