Утрински Весник
Македонија

„Ви благодарам на поддршката“ – Алабаковски првпат се огласи во јавноста

Dik 300x250 mk

Македонскиот пејач Ламбе Алабаковски против кого се води постапка за палењето на вратата на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола, и’ се заблагодари на јавноста за поддршката.

„Народе мој Ви благодарам за Вашата искрена поткрепа! Ве љубам од длабочината на срцето и душата“, напиша Алабаковски на социјалните мрежи.

Ова е прва реакција на Алабаковски на социјалните мрежи по приведувањето.

Тој се гони за предизвикување општа опасност. Според информациите кои беа објавени во медиумите, Алабаковски во полицијата го признал делото коментирајќи дека го сторил од патриотски причини. По приведувањето му беше одреден притвор со образложение дека постои можност за бeгство оти пејачот поседува двојно државјанство, македонско и на САД, по што беше префрлен во куќен притвор.

Пред четири дена неговиот адвокат, Дарко Стефановски, информираше дека на пејачот му е одземен пасошот како мерка на претпазливост и нема продолжување на притворот.

Случајот предизвика реакции во јавноста, а во Битола беше организиран и протест за поддршка на пејачот.

Можете да прочитате

Продолжи судењето за Онкологија, сведоци тврдат дека давале мито за терапија

Во казино во Аеродром 70-годишник се степал со 62-годишник

Пронајдени 15 лица мигранти во гевгелиско, приведени двајца криумчари