Утрински Весник
Македонија

Вишото ЈО ги оквалификува како неосновани жалбите на одбраната на обвинетите за ,,27 април”

Продолжува јавната расправа во Апелацискиот суд по жалбите за „27 април”

Скопје, 29 мај 2020 (МИА) – На јавната расправа, што трет ден се одржува во Апелацискиот суд за жалбите по пресудата за случајот „27 април”, Вишото јавно обвинителство со повеќе образложенија ги оцени жалбите на одбраната на обвинетите како неосновани.

Седницата денеска продолжи со исказите на дел од одбраната. Тие посочуваа делови од пресудата, кои, според нив се апсурдни, нема доволно докази или не се добро појаснети.

Предвидено е денеска да заврши јавната расправа. По исказот на Вишото ЈО во Апелацискиот суд, обвинетите ќе ги изнесат своите жалби. см/оџ/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Од пријавени 248 гласале 242 болни или изнемоштени лица

Почина снимателот на МРТ Александар Мижимаков

Намалена видливост на патот Струмица – Валандово