Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Вишеградската група ја поддржа Чешка во мерките против Русија

Вишеградската група ја поддржа Чешка во мерките против Русија
300x250 opst2

Министрите за надворешни работи на Вишеградската група изразија солидарност со Чешка, која протера 18 руски дипломати осомничени за непријателски активности.

Министрите за надворешни работи на Унгарија, Полска и Словачка, кои заедно со Чешка ја формираат Вишеградската група, во соопштението за печат изјавија дека ги осудуваат сите активности насочени кон загрозување на безбедноста на суверените држави и нејзините граѓани, пренесува МТИ.

Во соопштението објавено на интернет-страницата на полското Министерство за надворешни работи се вели дека овие земји ќе продолжат да се спротивставуваат на сите субверзивни активности на национално ниво, со помош на сојузниците на НАТО и механизмите на ЕУ.

Нагласено е дека во таа смисла се изразува поддршка и солидарност со неодамнешните чекори преземени од нивниот близок партнер, сојузник и сосед Чешка.

Чешкиот премиер Андреј Бабиш претходно изјави дека протераните руски дипломати се осомничени дека учествувале во експлозијата во складиштето за муниција во Врбјетице на југот на Чешка во 2014 година, а како одговор на тоа, Русија во неделата протера 20 чешки дипломати.

Можете да прочитате

Земјотрес со јачина од 5.0 степени ја погоди западна Турција, почуствуван и во Истанбул

Колумбија протера израелски дипломати поради запирањето на флотилата за помош за Газа

Макрон: Ја потценивме Русија – 24info.mk