Утрински Весник
Економија

„Витаминка“ со донации за лицата со посебни потреби

„Витаминка“ со донации за лицата со посебни потреби

Скопје, 15 април 2020 (МИА) – Пакети со прехранбени производи до лица со посебни потреби донираше компанијата „Витаминка“.

– Минатата и оваа недела, компанијата достави поголема количина на пакети со прехранбени производи до Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака” од Прилеп и од Штип, во Дневниот центар за лица со целебрална парализа и аутизам од Прилеп, здружението „Сплотени срца” од Штип и во Дневниот центар за лица со посебни потреби „Sуница” Прилеп, информираат од компанијата.

Донацијата, како што наведуваат, е со цел во ова време на вонредни услови да им се обезбедат на членовите на овие здруженија прехранбени производи и со тоа да се овозможи и помогне да се пребродат овие тешки моменти.

Неодамна, компанијата, како што стои во соопштението, реализира донација вредна 3,5 милиони денари што ја насочи кон Министерството за здравство, локални здравствени установи, здруженија и организации за социјално загрозени семејства и граѓани.фф/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тему достапна и во Македонија, ниски цени и бесплатна достава, квалитетот дискутабилен

Стојаноски: СДС единствено што остави на државата е долг на идни поколенија

Ангеловска-Бежоска во колумна за „Топ 100 извозници”: Извозот на услуги станува сѐ позначаен двигател на економскиот раст