Утрински Весник
Македонија

„Витаминка“ донираше 480 пакети со свои производи во Банката за храна Кавадарци

„Витаминка“ донираше 480 пакети со свои производи во Банката за храна Кавадарци
Dik 300x250 mk

Кавадарци, 2 јуни 2020 (МИА) – „Витаминка“ денеска донираше 480 пакети со свои производи во Банката за храна Кавадарци. Тие ќе бидат дистрибуирани до социјално загрозени лица, кои имаат потреба од помош и поддршка.

Роберто Паризов, претставник на кавадаречката Банка за храна, се заблагодари на донацијата, во името на сите оние кои повеќе од година ипол добиваат помош и поддршка во секојдневниот живот.

– Се заблагодарувам, од нивно и од името на сите кавадарчани, на поддршката од кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, Центарот за социјални работи, Банката за храна на државно ниво, сите оние фирми и поединци кои донираат во изминатиот период и со тоа ја покажуваат својата хуманост и солидарност, нагласи Паризов, потсетувајќи дека благодарејќи на разбирањето на градоначалникот и локалната самоуправа, во Кавадарци е обезбедено комбе со кое помошта се носи во домовите на социјално загрозените, така што тие не мораат да чекаат во ред и да се срамат пред магацинот на Банката за храна.

Претходно, „Витаминка“ донираше и 1.200 литри масло. свд/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Давкова по повод Светскиот ден на ромскиот јазик прими припадници на ромската заедница

Зајкова бара итни законски измени: Животот на пациентите не смее да зависи од бирократија

Се бара притвор за разбојник од Маџари