Утрински Весник
Свет

Вирусот влезе во детското одделение во болница во Хрватска

Во светот активни се речиси 8 милиони случаи на коронавирус
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Коронавирус се појави на снимен во Хрватска на Одделот за рехабилитација на деца во Специјалната болница за медицинска рехабилитација во Крапинска Топлица во Хрватска.
Медицинска сестра од тој оддел има коронавирус, а симптоми добил и физиотерапевт кој работи со деца, пренесува порталот „Ни Загорје Мало“.

Физиотерапевтот отишол на тестирање и не е сигурно кога ќе дојдат резултатите, пренесува порталот Индекс, во кој се наведува дека некои од тестираните во Загорје чекаат на своите наоди веќе една недела.

Инфицираната медицинска сестра не била во контакт со децата, а децата во тоа одделение претежно спаѓаат во група што не може да носи заштитни маски. Четири деца кои во моментот се во превентивна самоизолација биле во контакт со физиотерапевтот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп назначи специјален пратеник за Гренланд

Во Москва убиен руски генерал

Украински напад со дронови врз Краснодар – оштетени два руски брода