Утрински Весник
Магазин

Виртуелно доделување на наградите САГ

Виртуелно доделување на наградите САГ

Годинешното доделување на наградите САГ се одржа виртуелно и беше сведено на едночасовна онлајн церемонија, со претходно снимени обраќања на презентерите и на актерите.

Виола Дејвис, Јун Јух Џунг, Даниел Калуа и покојниот Чадвик Боузмен триумфираа во своите категории.

Наградата за најдобра машка улога во филм му припадна на починатиот актер Чадвик Боузман за неговата последна улога во Ma Rainey’s Black Bottom („Ма Рејни: Mајка на блузот“).

Виола Дејвис ја доби наградата за најдобра актерка за улогата на џез дива во истиот филм.

Во отсуство на категоријата најдобар филм, беше доделена награда за најдобра актерска екипа во филм.

Па така, актерите на филмовите The Trial of the Chicago 7 („Судењето на седумтемина од Чикаго“) и Ma Rainey’s Black Bottom („Ма Рејни: Mајка на блузот“) триумфираа на церемонијата што се емитуваше во неделата вечерта.

Џилијан Андерсон е прогласена за најдобра актерка во ТВ-серија за улогата воThe Crown („Круната“), а серијата доби и награда за извонреден настап на целокупна екипа во драма.

Награда доби и Ања Тејлор-Џој за улогата во мини-серијата The Queen’s Gambit („Дамски гамбит“). Покрај неа, награда освоија и актерите Марк Руфало, Џејсон Судеикис и Џејсон Бејтмен.

Овие награди кои ги доделува американското здружение на ТВ и радио уметници се сметаат за предвесник на „Оскарите“.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста