Утрински Весник
Магазин

Виола Дејвис со часови разговара со Мишел Обама додека се подготвува за новата улога

Виола Дејвис со часови разговара со Мишел Обама додека се подготвува за новата улога

Виола Дејвис откри дека разговарал со Мишел Обама по неколку часови додека се подготвува да ја глуми во серијата „Првата дама“.

55-годишната актерка во петокот гостуваше во ток-шоуто на Џими Фалон, каде што призна дека задачата е дополнително застрашувачка поради почитта и восхитот што го има кон поранешната прва дама.

„Застрашувачки е затоа што … некогаш некој не одговара на сликата што ја имате во вашата глава“, му рече таа на водителот Фалон. „Но, кога навистина ќе го оправда вашето мислење, тоа е прилично застрашувачко.“

Оскаровката ја нарече Мишел божица. „Сите ја знаат. Сите се чувствуваат како да сакаат да ја заштитат. Ќе ја одглумам најдобро што можам.“

Можете да прочитате

Кокаин пронајден кај големи бели ајкули на Бахамите

Научници дојдоа до неверојатни откритија: Човечкото тело како биолошки извор на светлина

Потребни се најмалку шест месеци за значително подобрување на липидниот статус