Утрински Весник
Магазин

Винтиџ видео-игра на аукција постигна цена од 114.000 долари

Винтиџ видео-игра на аукција постигна цена од 114.000 долари

Неотворена копија на винтиџ видео игра „Супер Марио Брос“ е продадена за 114.000 американски долари на аукција, уште еден доказ за трајната популарност на забавата создадена пред децении, објави „Еј-би-си њус“.

Понудувачот кој сакаше да остане анонимен, купи рана верзија на пионерската игра Super Mario Bros објавена во 1985 година за Нинтендо конзола NES. Аукцијата се одржа минатиот петок во „Херитиџ аукции“ со седиште во Далас.

Цената од 114.000 долари го престигна претходниот рекорден износ на аукциите на „Херитиџ“ за видео игра. Претходно, рекордната понуда изнесуваше 100.150 долари, направена на почетокот на минатата година за неотворена копија на истата игра.

Копијата на „Супер Марио Брос“  е дел од збирката видео игри од 1980-тите и 1990-тите кои им беа продадени на разни купувачи за речиси 700.000 долари, што беше далеку над почетната цена на „Херитиџ аукции“ од околу 500.000 долари.

Други понуди на аукцијата се „Мајк Тајсон панч-аут!“видео-игра од 1987 година, базирана на поранешниот шампион во бокс во тешка категорија, која се продава за 50.400 долари.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста