Утрински Весник
Магазин

Вил Смит се запрепастил кога ја видел ќерка си со избричена глава

Вил Смит се запрепастил кога ја видел ќерка си со избричена глава

Неговите мемоари беа објавени во вторник, 9 ноември.

Во книгата, Вил Смит ја опишува својата реакција кога првпат ја видел ќерката Вилоу Смит со избричена глава.

Тоа се случило пред неколку години додека младата девојка била на едномесечна турнеја со канадската поп ѕвезда Џастин Бибер.

Изведувачката му кажала на својот татко дека сака да се откаже пред да заврши договорениот период, по европскиот дел на турнејата My World. Но, Вилоу сепак морала да ги испочитува обврските и да настапува во Австралија. Во знак на протест, единствената ќерка на Вил една ноќ си ја избричила главата додека тој спиел.

„Утрото, Вилоу дојде во кујната за појадок. Добро утро, тато! рече таа радосно, додека подрипнуваше накај фрижидерот,“ пишува Вил во мемоарите. Мојата вилица се откачи и се скрши на подот во кујната: мојата идна глобална суперѕвезда беше целосно ќелава.“

Медиумите потсетуваат дека оттогаш, Вилоу ја избричи главата многу пати.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста